Омерагиќ и Пандев: Седлоски е вистинското решение и носи нов свеж ветар во националниот тим

119

Македонската фудбалска репрезентација има нов кормилар во името на Гоце Седлоски. Иконата на македонскиот фудбал и човекот со стотина настапи во националниот тим, е нашиот следен селектор. Фудбалската Федерација на Македонија му ја даде довербата на човекот кој што реално направи многу како фудбалер, а и од тренерски аспект е во моментов еден од нашите најтрофејни тренери.

Претседателот на ФФМ, господинот Масар Омерагиќ го отвори официјалниот прес и промоцијата на Седлоски со своето мислење дека промени едноставно  требало да има што се однесува до селекторото место.

„Благодарност за присуството на оваа приомоција на новиот селектор Гоце Седлоски. Најпрво уште еднаш да му се заблагодарам на поранешниот сега веќе селектор Благоја Милевски. Фудбалот е таков, дојдовме до мнение дека на репрезентацијата и е потребен свеж ветар. Имавме и поголеми шанси во таа квалификациска група во која што игравме, но тоа е тоа. Македонија оди понатаму со Гоце Седлоски. Се водевме по она да пронајдеме селектор со фајтерски дух. Тоа е Гоце Седлоски. Тоа нас ни треба. Македонија да има фајтерски дух. Оние што мислат дека ние не можеме да поминеме во баражот со Данска, нека воопшто не помислуваат да бидат дел од оваа приказна. Фигуративно зборувам. Правиме се за да создадеме позитивен дух, победнички менталитет. Тоа нам ни треба. Треба да се цениме повеќе. Самите себеси“ – изјави претседателот Масар Омерагиќ, на што се надоврза и директорот на репрезентациите Горан Пандев.

Честитки за Гоце Седлоски. Да се надоврзам на изјавата на претседателот, респект и почит кон она што го направи поранешниот селектор Благоја Милевски.Седлоски го знам со децении, направи многу за македонскиот фудбал. Се работи за млад стратег, кој што има енергија, капацитет и победнички менталитет за да ја носи оваа функција.  – рече Пандев.

ПретходноСедлоски: Чест е и задоволство да се биде селектор на Македонија
СледноОмерагиќ: Седлоски ќе работи „про боно“ во репрезентацијата до јуни