Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски парови за претстојното машко ЕХФ ЕВРО 2026 во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари – 1 февруари).
Поради неодамнешна повреда, чешкиот судиски пар Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни ја повлекоа својата номинација. Нов судиски пар, српскиот дуо Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ, се номинирани како замена.
За постетување на ова натпреварување ќе имаме две судиски двојки: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, како и Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.











