Македонија има нов фудбалски селектор. Денеска на официјална прес конференција Македонската Фудбалска Репрезентација го промовираше Гоце Седлоски како нов кормилар на „Рисовите“.
Некогашниот капитен токму на репрезентацијата на Македонија со стотина настапи доаѓа како наследник на Благоја Милевски кој беше на чело на нашиот национален тим повече од четири години.
Седлоски секако ќе ја има првата задача, да ги одигра бараж дуелите за Мундијалот во САД, Мексико и Канада на 26 март против Данска, и на 31. евентуално против Чешка односно Ирска.
„Благодарност до ФФМ за укажаната шанса да ја водам репрезентацијата. За мене ова е голема чест и задоволство, а секако и обврска. Моја цел ќе биде да изградиме победнички менталитет, тимски дух и жестока битка за секоја топка. Свесен сум дека не можеме да бидеме на фаворити на секој дуел, но ќе направиме се за да оствариме најдобри можни резултати“ – изјави Гоце Седлоски.
„Да моето деби ќе биде против Данска. Секој што ќе биде повикан ќе треба да го даде максимумот и да направи се за да оствариме добар резултат“ – додаде Седлоски.










