Ферари си има проблем: Договорот со Хамилтон бил до крајот на 2028, а платата е 55 милиони евра годишно!

10
фото: Lewis Hamilton our champion (X)

Ферари си има голем проблем. Во Ферари сега не знаат како да го откачат Луис Хамилтон, спасот е само тој самиот да посака да си оди.

Луис Хамилтон ја заврши својата прва година во Ферари, но она што требаше да биде врска од соништата се претвори во голема криза. Кога седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во Италија, конкуренцијата беше предупредена. Најуспешниот возач во историјата се приклучи на најуспешниот тим. Се чинеше дека беа создадени сите предуслови за успех.

Реалноста, сепак, е сосема поинаква: детскиот сон на Хамилтон се претвори во кошмар. И рекордерот по број на победи и неговиот нов автомобил беа разочарувачки. Неговиот рекорд во Ферари е катастрофален – 24 трки, нула подиуми, шесто место во генералниот пласман на возачите и многу критики, како во тимот, така и надвор од него. Преминувањето на Хамилтон во Ферари се заканува да стане најголемиот и најскапиот неуспех во 75-годишната историја на овој спорт.

Кога Италијанците официјално го објавија доаѓањето на Британецот во февруари 2024 година, тимот не го прецизираше времетраењето на договорот, наведувајќи само дека станува збор за „повеќегодишен“ договор. Досега се шпекулираше дека Хамилтон потпишал до крајот на 2026 година, но тоа не е вистина. Според информациите до кои дојде „Билд“, договорот на Хамилтон важи до крајот на сезоната 2027 година.

Но, тоа не е сè.

Договорот наводно содржи и еднострана опција што му дозволува на Луис да вози за Ферари во 2028 година. Доколку ја искористи, ќе има 43 години на почетокот на таа сезона. Сепак, во Ферари станаа свесни за комплицираната ситуација. Иако Хамилтон е идеален амбасадор на брендот за привлекување клиенти, ова не е доволно за да се надомести неговиот спортски неуспех. Скудерија го направи втор најплатен возач, зад Макс Верстапен од Ред Бул, кој заработува околу 65 милиони евра годишно. Платата на Хамилтон во Ферари е околу 55 милиони евра по сезона. Покрај тоа, приходите од рекламирање и медиумски права му носат вкупно повеќе од 100 милиони евра на секои 12 месеци.

ПретходноИСТОРИЈА (јули 1983): Рингов е единствениот Македонец кој играл за Пари Сен Жермен!!!