Шефот на Ла Лига: “Само Реал Мадрид прави тензии!“

29
ФОТО: Real Madrid C.F./X

Нема мир во фудбалска Шпанија. Нема мир во Ла Лига, а посебно сега нема кога се води жестока полемика да не кажеме “војна“ на релација Барселона – Реал Мадрид. Секако дека “Кралевите“ ја водат полемиката преку својата клупска ТВ, ама знае и Флорентино Перез на еден свој говор од еден час, дури 55 минути да потроши на тоа како судиите и помагале на Барселона.

И сега како капак на се ова во оваа полемика се вклучи и шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој за медиумите во Шпанија покрај другото го кажа и ова:
„Барселона не крева тензии во овој случај. Ниту другите клубови не го прават тоа. Реал е оној кој е против сè, тој клуб прави тензии. Против Барселона, против судиите, против сите. Мислам дека она што го прават е погрешно. Нивниот наратив не помага никому. Реал ги поврзува сегашните грешки со оние од пред осум години. Тоа е опасно. Наративот на Реал е дека она што се случува денес, со одредени судиски грешки, е последица на она што се случи во 2019 или 2017 година. Тие се обидуваат да создадат наратив дека судиите во моментов се под некаков вид влијание. Тоа е многу опасно затоа што не е вистина. Реал го создаде тој наратив и од тоа се создава тензија.“

ПретходноЕХФ: Марко Митев е гаранција за шоутајм на ЕП 2026! (ВИДЕО)
СледноРеконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје