Беа победнички тандем: Васе не е фер, не напушти прерано

116
фото: Ars Lamina (Facebook)

Македонскиот фудбал денеска остана без една од најголемите легенди, Васил Рингов. Иконата на скопски Вардар ја одбележа ерата на најголемите успеси на македонскиот фудбалски гигант Заедно со Дарко Панчев беа тандем за победи.

Дарко Панчев денеска се прости од својот голем пријател со емотивна порака:

„Васе, не е фер, не напушти прерано. Ќе ни фалиш, ќе има голема празнина во нашите седенки, нашите спортски муабети, раскажувања на анегдоти. Беше еден од најдобрите напаѓачи во 80-тите години во „екс-ју“ лигата, а заедно со тебе во Вардар бевме и веројатно најопасен и најдобар тандем во еден период. Не напушти, но зад себе остави длабока фудбалска трага и огромно спортско богатство за Македонија. Нека ти е лесна земја, а вечна слава секако имаш“, вели Панчев во своето обраќање.

ПретходноВан де Вен му се извини на Исак за повредата
СледноКога Вардар беше Македонија, а Македонија, Вардар – Рингов беше ЦАРОТ! (ВИДЕО)