И Ванче Шиков во стручниот штаб на Седлоски

385

Поранешниот македонски репрезентативец, Ванче Шиков ќе биде дел од сручниот штаб на новиот селектор, Гоце Седлоски, кој денеска и официјално во 11:30 часот ќе биде промовиран.

Како што „СпортСпорт“ објави по одлуката за наследникот на Благоја Милевски станува јасно и кои тренери ќе бидат дел од неговиот тим.

Ванче Шиков е од Кавадрџи има настапувано како дефанзивец во бројни европски екипи, а за македонската репрезентација има одиграно 35 натпревари и постигнато три гола.

Прв асистент на Седлоски ќе биде актуелниот тренер на ФК Тиквеш од Кавадарци, Борче Христов, додека како втор асистент ќе биде досегашниот селектор на младата репрезентација до 19 години, Ерхан Селими.

Нов тренер на голманите во репрезентацијата ќе биде Гого Јовчев, додека задолжен за анализа ќе биде Мартин Христов.

ПретходноДрама во НБА: Стив Кер го „рибаше“ Грин, кој пак го напушти мечот (ВИДЕО)
СледноЛазаров: На момците им е потребна поддршка! Јас како селектор, тука сум за критиките!