Тоа беа времиња, кога Вардар беше Македонија, а Македонија беше Вардар а Рингов беше ЦАРОТ!
На тој 25 август 1985 година, дојде Партизан, редовниот “пациент“ кој за само неколку години, на гости кај Вардар во два наврати прими “петка“.
Тогашниот Градски “вриеше, официјално 22.000 ама на трибините имаше и 25.000 фанови.
И уште во 3.минута Васе Рингов го “тресе“ Партизан за водство на Вардар од 1:0. Каква ли само еуфорија беше тогаш, само тие што тој ден беа на Градски знаат. Неколку минути подоцна Вардар поведе со 2:0. Тогаш Рингов и “компанија“ го згази Партизан во тоа прво полувреме, но така е тоа во фудбалот.
КоГа не користиш шанси, доаѓа казна, а на крајот беше 2:2.
Силен Вардар, силен Партизан, дерби на колото во тогашната Прва лига на екс – Југославија. Кога ќе се види од ова видео како ли беше на тој натпревар може само да се заклучи дека тогаш, во тие времиња Вардар беше Македонија тогаш Македонија беше Вардар а Рингов беше ЦАРОТ.
Мало потсетување. Тој меч беше последен за Драган Манце кој по неколку дена го загуби животот во сообраќајна несреќа.










