КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – МАЖИ: МКК Куманово и Ангели ќе ја стартуваат елиминациската рунда

37

Согласно со системот за натпреварување во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, почнувајќи од утревечер, ќе се играат првите елиминациски натпревари во двете конкуренции.

За разлика од женскиот сегмент, каде се вклучени осумте екипи кои се дел од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, во машкиот, во првата елиминациска фаза ќе разигруваат екипите кои по 11. одиграни кола се со пласман од 5. до 12. место на табелата.

Предвидени се четири елиминациски натпревари, по кои четирите екипи-победници ќе им се приклучат на првопласираните четири, оние кои обезбедија директен пласман во четвртфиналето од ова натпреварување, односно екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув и Пелистер.

Осминафиналните елиминации ќе бидат отворени со натпреварот кој утре вечер, од 19.часот, ќе се игра во спортската сала во Куманово, а во кој МКК Куманово го пречекува тимот на Ангели.

Еден натпревар ќе се одигра на 26. декември (петок). Закажан е од 16.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, во кој за место во следната, четвртфинална, фаза ќе се борат екипите на Работнички и на Тиквеш Голден Игл.

Два натпревари се на распоредот во саботните термини.

Поточно на 27. декември, ќе играат Маџари и Гостивар, во натпревар кој е закажан за 15.часот, а ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“, додека пак два часа подоцна (19.00), во салата „Шабан Трстена“ ќе се сретнат екипите на Чаир 2030 и Феникс 2010.

Во оваа фаза од натпреварувањето предвидено е одигрување на само еден натпревар, на теренот на подоброрангираната екипа во онаа прва фаза (11.одиграни кола) од МТЕЛ Супер лигата.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – МАЖИ

ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

24. ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

19.00: МКК Куманово – Ангели

Спортска сала во Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RVLQH8x7iQE?si=OxzOAmQQxxiro0Pd

26. ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК)

16.30: Работнички – Тиквеш Голден Игл

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NUuznjU8e_A?si=0DMIsS5U_zyAVTit

27. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

15.00: Маџари – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NYiLfI8gBvg?si=dS__JuvdZtOImX2S

19.00: Чаир 2030 – Феникс 2010

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНКhttps://www.youtube.com/live/vsDXQqnqngk?si=Y7X1qSHRmefBkP_V

ПретходноРеконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје
СледноПочина македонската фудбалска легенда Васил Рингов