Со промена на генерација и младите ракометари, македонската ракометна репрезентација ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат дел од Европското првенство 2026 година, а таму во групната фаза ќе имаат тешка задача бидејќи за противници ги имаат Данска, Португалија и Романија.
За предводникот на нашиот национален тим најважна ќе биде поддршката од јавноста и на ова големо натпреврување. Нашиот состав има само двајца поискусни играчи, сите останати се под 30 години.
„Мислам дека ние пополека го градиме тој победнички менталитет. Респект максимален за сите имаме. Се познаваме подолго. Јас очекувам поддршка за овие млади момци надоградени со двајца поискусни играчи над 30+. Другите се сите под 30 години. Мислам дека ако тие ја почувствуваат поддршката ќе имаат и поголем оптимизам со позитивен исход. Селекторот е тука, јас сум спремен за сите критики и да го понесам товарот, но верувам во овие играчи и оваа селекција. Одиме ден за ден, чекор по чекор, да се подготвиме добро“, рече Лазаров на собирот.
Селекторот инсистира да одиграаат повеќе пријателски мечеви бидејќи има играчи кои во своите клубови не ја добиваат посакуваната минутажа.
„Имаме пријателски мечеви до шампионатот, така што играчите кои во македонската лига не добиваат шанса, а се репрезентативци, затоа што нас изборот ни е тој, не може да решаваме со изборот, затоа така е направен подготвителниот период со повеќе натпревари, за играчите кои добиваат помала шанса во нивните клубови, да имаме пооптимална форма за првенството. Нема да имаме физички подготовки толку, туку играчите да се внесат во оптимална форма како колектив за шампионатот“.
Македонија на 28 декември ќе одигра пријтелски меч против Хрватска, а додека во јануари ќе учествува на меѓународен турнир каде силите ќе ги одмери со Бахреин, Швајцарија и Украина.










