Јамал си кажа зошто не можел да има девојка!

79
ФОТО: FC Barselona/X

Ламине Јамал, мега – ѕвездата на Барселона иако има само 18 години тој е и мега планетарна ѕвезда. Секој негов потег, како на теренот така и надвор од него, а посебно во приватниот живот сега се гледа низ посебна призма.

Се разбира и кога девојките се во прашање. Иако беше поврзуван со неколку припаднички од понжниот пол во последно време, тој си призна дека сега нема девојка, а малку на шега се “пожали“ дека има причина зошто не може да има придружничка.

Причината, тврди тој, е неговата необична ноќна навика – будење среде ноќ за да јаде колачиња. Покажувајќи залиха од слатки покрај креветот, тој објасни:
„Се обидувам да заспијам рано за да можам да се разбудам среде ноќ. И ќе кажете дека сакам да се разбудам ноќе и ќе го проверам времето за да можам да кажам дека сè уште можам да спијам. Не, го правам тоа за да јадам колачиња. Ги обожавам. Затоа не можам да имам девојка, бидејќи се будам ноќе.“

ПретходноА некогаш ја носеше “десетката“ на Барса: “Можеш да си одиш, не те сакаме“!
СледноПандев со жестока реакција на нападите на Мрме