Доктор Зоран Димовски: Васе современику мој, уживавме во твоите фудбалски мајстории

211
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

Каква фудбалска икона, но и колку голем човек беше Васил Рингов доволно говори реакцијата на јавноста по неговата смрт вчера. Легендата на мак фудбалот и на ФК Вардар вчера почина на свој 71. годишна возраст, а огромен број на луѓе се простуваат од него.

Еден од оние кои почувствува потреба јавно да го направи тоа е доктор Зоран Димовски, човек тесно поврзан со спортот во Скопје, и воопшто во Македонија. Човек низ чии раце изминатите децении минаа илјадници спортисти.

“Поголем и полн со дух фудбалер не ми бил современик. Заради тоа сум тажен што не е меѓу нас повеќе. Почивај Васе, ни небото не е граница за твоите мајсторства во фудбалската игра, кои без исклучок ги следев како фан, особено кога играше за нашиот Вардар. Со голема почит и сочувство до семејството“ – напиша доктор Зоран Димовски

ПретходноЗарем е можно: Белингем не се вклопува во визијата на Чаби Алонсо!
СледноИзборот на најдобрите се враќа на програмата