Заедно за радост: МТЕЛ со новогодишни пакетчиња за децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација Скопје

31

Во духот на новогодишните и божиќните празници, кога споделувањето, вниманието и човечката топлина добиваат посебно значење, МТЕЛ MAKЕДОНИЈА и оваа година ја потврди својата посветеност кон заедницата преку хуманитарна и општествено одговорна активност.

Претставници на компанијата денеска ги посетија децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, на кои им беа доделени новогодишни пакетчиња, подготвени со посебна грижа и внимание. Со оваа иницијатива, МТЕЛ уште еднаш испрати силна порака за солидарност, поддршка и грижа за најмладите, кои заслужуваат празниците да ги дочекаат со насмевка и радост.

Новогодишните пакетчиња беа симбол на внимание и подадена рака, но и потсетник дека заедништвото и хуманоста се вредности што треба да се негуваат секојдневно. Во празнична атмосфера, исполнета со топлина и позитивна енергија, беше споделен момент на радост што ја надминува материјалната вредност и остава трага во срцата.

Празниците нè потсетуваат дека најголемата вредност е во споделувањето и грижата за другите. Преку оваа активност сакаме да им подадеме рака на децата и да им подариме момент на радост и внимание. Како општествено одговорна компанија, МТЕЛ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што создаваат позитивни приказни и вистинско значење за заедницата. Заедно за радост.“ – Изјавуваат од МТЕЛ.

Како компанија која континуирано инвестира во општествено одговорни проекти, МТЕЛ останува доследна на својата мисија – да биде активен и одговорен партнер на заедницата, поддржувајќи иницијативи што носат вистинска вредност и позитивна промена.

Заедно за радост – затоа што празниците се најубави кога се споделени.No description available.No description available.No description available.

ПретходноНеверојатно: Во Баерн гневни на Трансфермаркт, поради Хари Кејн!
СледноАко Далиќ одлучи да си замине после СП: Познат е новиот селектор на Хрватска!