Како што информираше претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска, се возобновува праксата оваа институција да ги бира најдобирите.
Поточно, по неколку години пауза, оваа манифестација повторно ќе стане пракса, како што и треба да биде. Поранешното раководство од само нему познати причини во еден момент престана да бира најдобри во мак фудбалот на огромно, негативно изненадување на јавноста.
Сега, новото раководство повторно ќе бира најдобар фудбалер, тренер, фудбалски работник… и редица други категории ќе добијат лауреати.
Терминот на одржувањето на „најдобри за 2025 година“ ќе се случи некаде во првата половина од месец фебруари следната година.















