Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа повторно ќе се обиде да стигне до главниот турнир на претстојниот Австралија Опен. Имено македонската тенисерка се пријави за учество во квалификациите на еден од најголемите турнири во светот, еден од четирите гренслема.
Инаку организаторот денеска ја објави најновата листа со пријавени учеснички, на која се наоѓа и Лина Ѓорческа.
Да потсетиме дека Лина своите најдобри квалификации на еден гренслем ги имаше токму на Австралија Опен во Мелбурн, каде во таа 2017 година дојде до третото квалификациско коло.
Да се надеваме дека овојпат ќе има повеќе среќа.











