Единствениот и уникатен спортски бар во Македонија – „Спортс Бир Гарден“, сместен во Дајмонд Мол, со многу емоции, спомени и гордост го прослави својот прв роденден, во присуство на бројни македонски спортисти и спортски лидери.
Ова не е само спортски бар. Ова е дом на македонскиот спорт. Простор каде што минатото и сегашноста се спојуваат во една жива приказна. „Спортс Бир Гарден“ е спортски музеј што дише, место каде што успехот, борбата и соништата на нашите спортски легенди се зачувани и раскажани со почит. Секој агол носи спомен, секој детал буди емоција, секој чекор потсетува колку е богата историјата на македонскиот спорт.
Сопствениците на „Beer Garden“, Јовица Николовски, Александар Китановски и Иван Ташковски, пречекаа бројни македонски спортисти и спортски работници како Шабан Трстена, Перо Антиќ, Горан Пандев, Марјан Илиевски, Бобан Грнчаров, Игор Митревски, Неџмедин Мемеди, Гоце Седлоски, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Александар Бајевски, Александар Васоски, Стевица Ристиќ, Даниел Мојсов, Срѓан Захариевски, Горан Станковски, Филип Ивановски, Предраг Русевски, Димитар Грабуловски, Ѓоко Хаџиевски, Борче Христов, Ванчо Балевски – Змија, Вели Мумин, Иван Марковски…, но и деканот на ФФОСЗ, Влатко Неделковски, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претседателот на МОК, Даниел Димевски, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, и уште бројни спортски работници и новинари.











































