Иднината на Златко Далиќ на клупата на хрватската репрезентација е сè уште отворено прашање, и сè ќе зависи од неговата лична одлука по Светското првенство во САД. Сегашниот селектор има можност да го продолжи својот мандат до Европското првенство во 2028 година, но може да одлучи и да се повлече.
Во моментов нема официјална потврда за тоа што ќе прави Далиќ по Светското првенство. Јасно е само дека последниот збор ќе биде исклучиво негов, без притисок од страна.
Во случај Далиќ да ја напушти селекторската позиција, „Спортске новости“ наведува дека Славен Билиќ е најсериозниот кандидат да го преземе кормилото на репрезентацијата. Со тоа, Билиќ би се вратил на клупата на “Ватрените“, која ја напушти по Европското првенство во 2012 година.
Билиќ моментално е без ангажман, но според достапните информации, тој би ја прифатил понудата повторно да ја води хрватската репрезентација без размислување. Неговиот мандат остана во убаво сеќавање на навивачите, особено поради атрактивната игра и големиот успех на Евро 2008, кога Хрватска, според мислењето на многумина, имаше квалитет да го заврши турнирот, пред за жал да биде елиминирана од Турција.










