Данило Брестовац го освои првиот пехар во новата сезона во Катар. Поранешниот македонски селектор заедно со неговиот Ал Араби вторпат по ред го освоија Купот на Катар, откако во финалето беа убедливо подобри од Ал Духаил со 36-26.
За Ал Араби ова беше петти пехар во историјата во ова натпреварување, два од нив ги освои токму со нашиот тренер.
Тимот на Брестовац доминираше во текот на целиот меч, по 16-13 на одморот, победата ја обезбеди во второто полувреме во кое противникот немаше одговор.
За постетување минатата сезона македонскиот стратег со Ал Араби освои три пехари, еден од нив веќе е одбранет.
Купот во Катар се одржува во време кога домашните играчи се на подготовки со националниот тим за настап на Азиското првенство кое е закажано за во јануари.









