Дончевски се прости од Рингов: „Васе за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име“!

63
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

Вчера на 70 години почина Васил Рингов, една од нашите најголеми фудбалски легенди. Фудбалска Македонија се уште е во шок, а од далечната Австралија со писмо се прости и Андон Дончевски, некогашниот селектор на Македонија и тренер на Вардар од времето кога Васил Рингов како капитен беше дел од “црвено – црните“:

Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут.

Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот и го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат.

Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат.

Почивај во мир, Василе. Честа беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме.

Вечна ти слава“ напиша Дончевски.

ПретходноПовеќе од спортски бар: „Спортс Бир Гарден“ го прослави првиот роденден (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЧеде Јаневски: Збогум Васе, тешко е кога заминува легенда и пријател!