“Клубовите кои сметаат дека се оштетени од ВАР ќе може да поднесат жалба до ФФМ!“

138

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на средбата со новинарите, која е традиционала во пресрет на новогодишните празници, говореше на неколку теми.

Инаку посебно за ВАР и за клубовите кои сметаат дека се оштетени кажа:

Клубовите кои сметаат дека се оштетени ќе можат да поднесат жалба до ФФМ. Потоа ќе можат заедно да ја прегледаат снимката и да го слушнат разговорот. Ова ќе се стави како предлог до УО на ФФМ. Од пролетниот дел ќе се донесе одлука за да може видеата од ВАР собата да бидата достапни“.

Покрај останатато напомена дека тој како човек своите ветувања ги исполнува:

Тоа што ќе го ветиш треба и да го исполниш,таков сум како човек.Поентата да се биде претседател е да се исполнат ветувањата. И не само за примена на ВАР – технологијата, туку и за реорганизација на лигите, потоа новиот возен парк. Еве да прашам зошто тоа досега не беше направено?“ запраша Омерагиќ.

ПретходноОмерагиќ: Последните ангажмани на Мрме траеја покусо од рокот на јогуртот во супермаркет!
СледноАртета: Требаше сè да одлучиме многу порано