Клубот на Елмас може да се соочи со голем проблем!

122
ФОТО: SSC Napoli/fb

Два дена откако го освои Супер Купот на Италија, клубот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи, може да се соочи со голем проблем, објавува „Газета дело Спорт“.

Имено шампионот продолжува да биде под надзор на независната комисија која ја следи финансиската состојба на клубовите и исполнувањето на економските критериуми, а најавторитетното издание тврди дека “Партенопеите“ се еден од двата клуба, заедно со Пиза, кои во моментов не ги исполнуваат овие правила.

Се тврди дека Наполи ги надминал поставените критериуми и тоа би можело да доведе до сериозни проблеми на трансфер пазарот. Постои можност Наполи да дојде до ситуација во текот на јануарскиот преоден рок во кој ќе им биде дозволено да регистрираат нови засилувања, но само ако тие се избалансирани со играчи што заминуваат со слична вредност. „Газета дело Спорт“ исто така додава дека критериумите ќе станат уште построги следното лето, а нивното непочитување ќе доведе до целосна забрана за трансфери, ситуација што Наполи ќе се обиде да ја избегне по секоја цена.

ПретходноРакометарите во “турбо ритам”, се “билда” победничкиот дух пред ЕП (ФОТО)
СледноОва се засилувањата за Челзи, не е Семењо!