Фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели претрпе нова повреда на натпреварот против Кристал Палас кој се одигра вчера. На денешната прес конференција тренерот на „топџиите“, Микел Артета изјави дека младиот крилен напаѓач претрпел полесна повреда на ногата.
Во натпреварот кој Арсенал успеа да го добие по изведувањето на пенали, Мартинели беше заменет во 60-тата минута. Бразилецот веќе подолго време се мачи со разни повреди и ова е нова грижа за Артета. Сепак, шпанецот изјави дека повредата не е многу сериозна и дека тој може да го прескокне натпреварот против Брајтон кој ќе се одигра на 27 декември.
Артета исто така изјави дека дефанзивецот Пиеро Хинкапи има посериозна повреда и ќе мора да паузира некое време. Еквадорецот се задоби со повреда на натпреварот против Евертон во Премиер Лигата.










