МКК Куманово обезбеди четвртфинале во Купот

2

Екипата на МКК Куманово е петтиот учесник во четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ откако вечерва, пред својата публика во спортската сала во Куманово беа многу подобри од екипата на Ангели и обезбедија победа од 95:65.

Една силно одиграна, прва четвртина им беше доволна на кошаркарите во „бело-сина“ комбинација да ги тргнат дилемите околу тоа која од овие две екипи ќе игра во следната рунда од натпреварите во Купот.

Направија кумановци големи (31:12) по десет минути од играта, кои ги одржаа и до полувремето (50:30). На почетокот на третиот период, домашната екипа направи уште една серија по која поведе и со најубедливи (62:34), недостижни за противникот.

Митевски беше прв стрелец во екипата-домаќин, постигна 20 поени (четири скока и две асистенции). Луковиќ реализираше 18 поени (имаше и седум скока), а освен 18 поени, Стевановиќ оствари и осум скока и осум асистенции.

Во екипата на Ангели, Фордхам даде 15 поени (и три скока).

ПретходноАтлетската Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетичари и атлетичарки за 2025 година