НФЛ тимот Далас и натаму е највредниот спортски клуб на планетава. Форбс ја објави ранг-листата на највредните спортски тимови за 2025 година.
Меѓу фудбалските клубови, Реал Мадрид е на 20-то место со вредност од 6,75 милијарди долари, Манчестер Јунајтед (24-то место, 6,75 милијарди долари), Барселона (42-ро место, 5,65 милијарди долари) и Ливерпул (48-мо место, 5,4 милијарди долари).
Покрај Далас, во топ 5 највредни спортски клубови се НБА тимот Голден Стејт, чија вредност е проценета на 11 милијарди долари, НФЛ тимовите ЛА Ремс и Њујорк Џајантс, како и уште еден НБА тим, ЛА Лејкерс кој има вредност од 10 милијарди долари.










