Омерагиќ: Последните ангажмани на Мрме траеја покусо од рокот на јогуртот во супермаркет!

543

Вчера Македонија и официјално доби нов селектор во името на Гоце Седлоски. Секако дека делуваше шокатно она што некогашниот селекторт Игор Ангеловски – Мрме, преку социјалните мрежи го искоментира.

На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и тоа имаше што да каже на оваа тема:

Имавме убава презентација на новиот селектор со убава порака за обединување. Човечки, културно и спортски е да се даде поддршка за избраниот. Кога бирате има 10 опции, а бирате една. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се личните интереси кои ги имаме. Јас немам такви, работам про-боно. Крајно некоректно беше веднаш да реагира, можеше да почека. Тоа кажува само за себе. Му посакувам добро здравје, да поработи на тренерските способности, бидејќи неговите последни ангажмани траеја пократко од рокот на јогуртот во супермаркет. Јас му се јавив лично двапати, да му укажам дека е еден од кандидатите. Од таа причина му кажав дека размислуваме меѓу него и Седлоски. Се одлучивме за новата енергија. Буквално ќе кажам, по таков напад мора да се каже и другата страна. Ни одговори дека би работел пак во федерацијата и кажа дека ќе ја поддржи нашата одлука и тоа јавно. Тоа е неговото мислење, не е во прв план“ истакна Омерагиќ.

ПретходноГатузо: “Никако не смееме да ја повториме грешката како против Македонија“!
Следно“Клубовите кои сметаат дека се оштетени од ВАР ќе може да поднесат жалба до ФФМ!“