Омерагиќ: Станковски врши одлична работа, младите селекции „трпат“ поради лошото менаџирање во минатото

0

Денешниот опширен брифинг со медиумите на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ даде одговор на многу прашања кои што се тема во моментов во јавноста.

Од вчерашното претставување на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезнтацијата, преку имплементирањето на ВАР системот и подобрувањето на истиот во од што се вели, па се до старата болка наречена фудбалска инфраструктура во Македонија.
Секако, ваков настан не може да мине и без прашање околу ситуацијата со младинските селекции, исто така наше горливо прашање на кое често во минатото не се обраќаше премногу внимание.

Токму поради тоа, поради фактот што младинските селекции се третирани така како што се третирани во минатото патат сегашните генерации. Од селектори без лиценци, од анонимуси на раководни функции и ред други работи, дојдено е до ова. Ние во оваа година дена како сме на функција се обидуваме максимално да се фокусираме на оваа тема. Направени се сериозни промени во функционирањето на младинските категории на клупско, но и на репрезентативно ниво. Она што можам да го кажам како значително позитивен момент е онаа У15 генерација под водство на селекторот Горан Станковски кој што бележи голем напредок. Тие деца играат одличен фудбал, напредуваат во секој поглед. Новитет во сето тоа е што таа генерација е производ на новото функциониеање на академијата на ФФМ. Момент на кој што сум горд затоа што академијата при моето пристигнување се наоѓаше во катастрофална состојба. Станковски е поставен во исто време како селектор на оваа генерација, но и воедно и нејзин прв човек во рамките на академијата. На таа генерација ќе и бидат обезбедени сите услови за напредок, и не само на таа. Но таа иста генерација ќе биде пример како ќе се функционира и во иднина. Со правилна селекција, чести контролни мечеви, и константна проверка што сме и до каде сме. Еве само како пример, Станковски ќе ја води таа генерација долго време, нема да има промени на селектор. Што се однесува до останатите генерации, заклучно со У21, резултатите се плод на лошото менаџирање на тие генерации во претходните години. Не се создава У21 генерација ако претходно не е направена правилна селекција. Немам поголеми замерки на резултатите“ – рече претседателот Масар Омерагиќ на темата младински репрезентации.

 

ПретходноАко Далиќ одлучи да си замине после СП: Познат е новиот селектор на Хрватска!