Рома се сели од „Олимпико“, во план е изградба на нов стадион

1
фото: AS Roma (X)

Фудбалскиот клуб Рома ги објави своите планови за градење на нов стадион. Се очекува стадионот на „волчицата“ да се наоѓа во предградието на Рим и потенцијално да биде еден од стадионите на кој ќе се играат натпреварите од Европското првенство во 2032. година кое ќе се игра во Италија и Турција.

Во моментов Рома ги игра своите домашни натпревари на „Олимпико“, кој го дели со градскиот ривал Лацио. Сепак, веќе подолго време двата клуба планираат одвојување на посебни стадиони. Американската компанија Friedkin е една од копманиите која раководи со италијанскиот клуб, веќе подолго време го планира овој нов проект.

Освен Рома голем дел од италијанските клубови планираат реновирање на стадионите. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во мај изјави дека состојбата на италијанските стадиони е срамотна и дека тие мораат во што поскоро време да се реновираат.

ПретходноПоранешен професионален играч на покер го купува Шефилд Венздеј