ФФМ и Омерагиќ на линија со Мусовски: “Со задоволство ќе прифатам повик за Македонија“!

263

Дени Мусовски, барем според најавите набрзо веројатно ќе го облече дресот на Македонија. Искусниот напаѓач на Сиетл, клуб во МЛС, бил контактиран од ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ и тој со задоволство ќе прифати да игра за нашата А-репрезентација.

Ова го кажа самиот Омерагиќ на денешниот брифинг со новинираите и откри дека и ФФМ и тој лично е на “линија“ со Македонецот во САД.

Со задоволство ќе прифатам повик за Македонија“ бил одговорот на Мусовски по тие контакти со него.

Исто така разговрано е и со Андреј Тодороски, и за него “СортСпорт“ во повеќе наврати пишуваше, и тој начелно прифатил да игра за Македонија.

Со него ситуацијата е малку комплицирана поради австрискиот пасош кој го поседува. И ако игра за Македонија ќе мора да се откаже од австрискиот, и затоа се бара начин како овој проблем да се реши и Тодороски да игра за нашата А-репрезентација.

Инаку Тодороски веќе бил на разговор во ФФМ деновиве.

Што се однесува до Милан Илоски, кој игра за Филаделфија во МЛС, со кого е контактирано по телефон, одбил да игра за Македонија, сакал да се фокусира на настапите на неговиот клуб.

ПретходноАртета: Требаше сè да одлучиме многу порано
Следно„ПРЕМЛАДИ ЗА ИГРА”: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА И ГОДИНАВА Е ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИЦИТЕ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА