Чеде Јаневски: Збогум Васе, тешко е кога заминува легенда и пријател!

121
ФОТО:ФК "Красава",FB

Вчера почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери на Македонија, еден од лидерите ако не и првата виолина во златните денови на Вардар во времето на СФРЈ.

Со длабока тага ја примив веста за смртта на Васе Рингов, на нашиот Васе… другар, соиграч, човек и легенда фудбалска. Тешки се ваквите моменти, мига кога треба да се каже збогум на човек со кој сум делел многу убави моменти, со кој сме делеле иста соблекувална, сме се радувале или тагувале по сите оние бројни натпревари во дресот на Вардар”, со длабока тага и болка изјавува Чеде Јаневски дел од таа златна генерација на Варар и поранешен наш селектор.

Сите сме тажни затоа што загубивме пред се добар човек. Сепак во овие моменти најтешко е на неговата фамилија на која и изразувам длабоко сочувство. Подакувам да бидат храбри и горди затоа што сите ние го сакавме Васе Рингов на свој начин а сепак тие беа неговите најблиски. Често кога бев во Македонија наоѓав време за да се сретнам со Рингов и останатите вардарци со кои последната вечера ја имавме токму кај архиепископот Стефан. За жал тоа беше последното другарување со другарот над сите другари од Вардар кој секогаш ми даваше значајна поддршка како во мојата играчка кариера така и во времето кога бев селектор на Македонија. Вечна ти слава легендо!”, беше емотивното обраќање на еден од нашите најдобри фудбалски работници со блескава играчка, но и респектабилна тренерска кариера.

ПретходноДончевски се прости од Рингов: „Васе за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име“!
СледноГатузо: “Никако не смееме да ја повториме грешката како против Македонија“!