Поранешен професионален играч на покер го купува Шефилд Венздеј

32
фото: The Athletic (X)

Поранешниот професионален играч на покер, Џејмс Борд е главен кандидат за купување на најстариот англиски клуб, Шефилд Венздеј. Клубот кој е формиран во далечната 1867 година веќе подолго време е во стечај. Сепак медиумите на островот известуваат дека конечно управата на славниот англиски клуб пронашла кандидат за превземање на клубот.

Џејмс Борд, исто така, има и удел во шпанскиот клуб Кордоба, но и бугарскиот клуб Септември Софија. Поранешниот газда на Њукасл, Мајк Ешли е еден од кандидатите за купување на Шефилд. Борд може да се соочи со проблеми поради неговото минато и неговото нагло збогатување.

Во моментов Шефилд Венздеј се наоѓа на последното место во Чемпионшип и има негативен биланс од -9 бода.

 

ПретходноМартинели доживеа нова повреда, неизвесен неговиот настап против Брајтон
СледноРома се сели од „Олимпико“, во план е изградба на нов стадион