Муарем Муарем ќе го спасува Работнички од најлошо

137

 

Тимот на Работнички има нов тренер. По заминувањето на Ален Тупаиќ зимава, тренерското столче во Дебар Маало е исптазнето, а ќе се пополни со младиот и перспективен стратег Муарем Муарем.

Некогашниот играч на Работнички, а сега тренер, своето искуство го собираше досега во Гостивар, односно Башкими, а ете сега дојде време да се испроба и на кормилото на „Романтичарите“.

 

Работнички е во исклучително лоша ситуација, затоа што есенскиот дел од шампионатот го заврши на претпоследната позиција со само седум бода.

Напролет овој тим го очекува жестока битка за опстанок, а во моментов секако добар план за подготовки и засилувања со оглед на фактот што тимот веќе го напуштија неколку стандардни првотимци.

ПретходноСедлоски: Мене ми честитаат легенди од светска класа, а не самопрогласени „величини“
СледноХави Галан е нов играч на Осасуна