Најдоски: Ангеловски очигледно има само една мисија, да ја дестабилизира репрезентацијата

193

„Кога зборува Илија Најдоски, секоја негова реченица е вредна за внимание и споделување“….. вака започнува објавата на Фудбалската Федерација на Македонија по повод обраќањето на нашата фудбалска икона и човекот кој што зад себе има евсопски и светски клупски титули. Кога зборува Илија Најдоски треба да се стои простум затоа што неговиот став едноставно мора да се почитува.

Македонскиот фудбалски авторитет е следниот во серијата на оние кои што излегува со реакција по повод преписката на релација ФФМ – Игор Ангеловски на тема селекторски избор и се што потоа следуваше.

„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во периодот кога селектор беше Благоја Милевски, кога наместо поддршка имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“.
„Во моменти кога е потребна јасна поддршка и заедничка енергија, некој повторно избира лични битки и рушење на атмосферата. Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија „стаорци“. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“.
 „Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција од моја страна, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата“ – се вели во обраќањето на Илија Најдоски.
ПретходноНовески: Ни треба обединување околу репрезентацијата, а не суети на поединци
СледноСекоја чест: Еве зошто Рафиња е голем човек! (ВИДЕО)