НБА повторно го казни Вестбрук, неговиот казнен биланс надмина половина милион долари

100

Пред два дена екипата на Детроит Пистонс ја совлада екипата на Сакраменто со 136:127. По натпреварот во фокусот беше ѕвездата на Сакраменто, Расел Вестбрук. Имено искусниот кошаркар беше повторно казнет од НБА лигата поради симулирање.

Ѕвездата на Сакраменто доби казна во вредност од 2000 долари, но интересно е што во својата кариера Вестбрук бил приморан да плати повеќе од 500 илјади долари само за казни од НБА. За Вестбрук ова е втора казна сезонава, откако пред неколку месеци доби казна во ист износ поради симулирање.

 

ПретходноКапацитетот на „Камп Ноу“ се зголемува на 62.000 места
СледноНикола Јокиќ изведе божиќно чудо од 56 поени (ВИДЕО)