“Никој, па ни Ангеловски, не полагал или одработил испит во Нион за УЕФА Про лиценца“!

696

По се она што се случува во мак – фудбалот по изборот на селектор на А-репрезентацијата, а по статусите на своите социјални мрежи на Игор Ангеловски, сега јавноста ја интересира кога и на кој начин поранешниот селектор на Македонија, ги добил лиценците, пред се УЕФА Про Лиценцата.

Во својот денешен статус самиот Мрме истакнува:

Кога сме кај про-лиценците јавно Ве повикувам да извршите ревизија на сите лиценци издадени од ФФМ вклучувајќи ја и мојата и да го објавите регистарот во кој се запишани имињата на носителите. Да Ви помогнам. Во седиштето на УЕФА во Нион како претставници на тогашната генерација на кандидати за УЕФА – Про лиценца. Игор Ангеловски, Горан Станиќ и Ренато Глигоровски во присуство на директорот на едукативниот центар проф. Небојша Марковски и Марио Ѓурчиновски, а под менторство на Дејвид Мојс тогашниот тренер на Манчестер Јунајтет го одработивме испитот за УЕФА Про Лиценца при што добивме највисока оцена“.

По ова свој коментар има и Центарот за едукација на ФФМ. Ова е нивниот став:

Ова што го кажува Ангеловски не кореспондира со вистината. Имено никој, па ни тој, тука мислиме на кандидатите што поминале низ Едукативниот центар на ФФМ, нема полагано, не полагал или одработил испит за УЕФА Про лиценца во Нион. Едноставно не можел да полага во Нион, такво нешто не постои. Тоа било, ако било, или работна задача или презентација, а никако полагање на испит или одработување на испит“ велат од Центарот за Едукација.

ПретходноРевизорска куќа се уште го чешла КФСМ, во кошарката ни „цветаат рози“
СледноСедлоски: Мене ми честитаат легенди од светска класа, а не самопрогласени „величини“