Пех на стартот: Карасманакис отпаѓа за ЕП, Лазаров со дополнителен повик

430

Само после неколку дена подготовки за престојното Европско првенство 2026 година, се случи пех во националниот тим. На тренинг се повреди Валентин Карасманакис, тој скрши прст на рака. Пикерот на Алкалоид после направените прегледи ќе мора да биде надвор од терените четири недели, период кој во моментов не дозволува за да биде дел од националниот тим за континенталното натпреварување.

Селекторот, Кирил Лазаров на негово место го повика искусниот Никола Маркоски кој се најде на резервниот список.

Македонската ракометна репрезентација утре ќе замине за Пореч каде на 28 ќе одигр пријателски натпревар против Хрватска.

Што се однесува до ЕП, нашите момци таму ќе играат против Данска на 16. јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека во последниот меч од групната фаза ќе се одмери силите со Романија.

ПретходноЧаби Алонсо сака засилувања од Ливерпул, ама Дон Флорентино го “пикирал“ капитенот на Јунајтед!
СледноПеп двајца отпиша, трет мора да си оди за да дојде јануарската “бомба“!