Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски преку социјалните мрежи ги пренесе честитките од Хрватска, неговиот втор фудалски дом, од каде што Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и Златко Далиќ му ја честитаа новата функција.
“За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски фудбалски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат ниту „со среќа Македонијо“. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета.“ – напиша нашиот нов селектор.










