Фјури ќе влезе во ринг со Џошуа, но има само еден услов

74
ФОТО: Тyson fury/Х

Дали е на повидок она што се чека цела една деценија? Тајсов Фјури е подготвен да влезе во рингот со Ентони Џошуа следната година, но мечот ќе се случи само под еден, но клучен услов. Како што потврди неговиот промотор, сè зависи од финансиската понуда.
Овој спектакл во тешка категорија се најавува со години, за време на кој двајцата борци држеа светски титули. Фјури стана обединет шампион со победа над Владимир Кличко, по што се пензионираше неколку години. Се врати со стил, го зеде појасот на WBC од Деонтеј Вајлдер и го одбрани во епски реванш, само за на крајот да му го предаде на Олександр Усик.
Усик беше тој што го симна Џошуа од тронот во 2021 година, а ниту Фјури ниту Џошуа не можеа да го променат исходот во нивните реванши против украинскиот боксер. Фјури е официјално пензиониран од јануари 2025 година, додека Џошуа е надвор од рингот од тешкиот нокаут против Даниел Дубоа во септември 2024 година, до минатиот викенд кога го сопре Џејк Пол во нерамноправен меч.

Во разговор за „Скај Спортс“, промотерот на Фјури, Френк Ворен, призна дека „Кралот на циганите“ е заинтересиран за борбата, но под еден услов:

Она што ќе го мотивира Тајсон е финансискиот аспект. Верувам дека може да го победи „Еј-Џеј“, самиот Тајсон верува во тоа и целиот негов тим. Сè се сведува на вредноста на борбата. Тоа е голема борба и вреди многу пари. Тајсон има своја цена“, рече Ворен.

Ворен додаде во истото интервју дека најверојатното место за борбата ќе биде Саудиска Арабија како дел од сезоната во Ријад:

Парите ќе диктираат каде ќе се одржи борбата, едноставно тоа е. Ќе одат таму каде што се парите, тие се професионални борци, влегуваат во рингот и примаат удари за пари“.

Претходно„Винисиус не ја заслужува бараната плата според она што го покажува на терен“!
СледноНБА со моќна порака му се поклони на Никола Јокиќ! (ФОТО)