Хрватските фудбалски величини за нашиот нов селектор: Гоце честитки на изборот

216

Убаво е кога една голема играчка кариера, ќе се претвори во сериозна тренерски ангажман односно во квалитетна тренерска работа. Која што истата ќе те однесе на највисоко можно ниво.

Токму затоа нашиот нов  фудбалски селектор, Гоце Седлоски и е поставен. Затоа што едноставно заслужи. Затоа што со својот фудбалски габарит, и „багаж“ едноставно е најдоброто решение во моментов.

Честитките од надвор, (за разлика од некои домашни „хејтери“) годат. Честитки… и тоа какви.

Од вториот фудбалски дом на Седлоски. од Хрватска. Светската велесила каде што Седло остави огромен траг.

Лука Модриќ играчачот број еден на светот своевремено, Златко Далиќ, селекторот на официјално третата селекција на светот, и Јошко Гвардиол еден од најдобрите дефанзивци на светот. Сите од ред со видео конекција и честитки за Седлоски.
Седлоски беше сведок на фудбалските почетоци на Модриќ, Гвардиол беше дел од Б тимот на Динамо Загреб кога оваа селекција ја водеше Седлоски. Далиќ е величина самиот по себе.

ПретходноАморим: Премногу го обвинуваме Бруно за нашите проблеми
СледноРевизорска куќа се уште го чешла КФСМ, во кошарката ни „цветаат рози“