Шкендија ја продолжи 13-годишната традиција – ги посети децата со посебни потреби

    40

    Денеска фудбалерите на Шкендија ја продолжија 13-годишната традиција за грижа и солидарност за децата со посебни потреби. Тие го посетија Дневниот центар „Тетекси“ и специјализираната паралела на Основното училиште „Лирија“ во Тетово, каде што се дружеа и споделија топли моменти со децата.

    Делегацијата на клубот ја сочинуваа капитенот Бесарт Ибраими, фудбалерите Арбин Зејнулаи, Мевлан Мурати и Имран Фетаи, како и претставници од Канцеларијата за односи со јавноста и медиумите, заедно со логистичкиот тим на клубот.

    „Шкендија останува посветена на тоа да биде блиску до секоја категорија во општеството преку конкретни акции, пренесувајќи пораки за солидарност, почит и љубов. Црвено-црните продолжуваат да бидат пример не само во спортот, туку и во хуманоста, споделувајќи радост и надеж со оние на кои им е најпотребно“, соопштија од клубот. 

    ПретходноРидигер по Реал, го чека уште посилен тим?
    СледноАБА 2: ТФТ со убедлива победа во Бања Лука