Кошаркарите на ТФТ ја остварија и третата победа во тековната сезона во АБА 2 лигата, откако вечерва забележаа триумф на гостувањето кај Борац во Бања Лука од 62:80. Оваа победа за нашиот тим доаѓа по серија од два порази.
Вечерва момците на тренерот Смилковски одиграа одличен меч од првата до последната минута. Во првите 20 минути домашните се обидуваа да одржат егал, но ТФТ на полувреме веќе имаше предност од 4 поени.
Во вториот дел ТФТ „уфрли во петта“ и успеа да дојде до висока победа. Гордон со 28 поени беше најефикасен кај нашиот состав, додека кај екипата на Борац, макитан постигна 15 поени.










