Капацитетот на „Камп Ноу“ се зголемува на 62.000 места

39

Барселона ги достави сите потребни документи до градскиот совет за добивање лиценца 1C, објави „Мундо Депортиво“.

Тоа значи дека со последната лиценца ќе се зголеми капацитетот на „Камп Ноу“ од 45.000 на 62.000 гледачи. Доколку градскиот совет ја одобри оваа одлука, првиот натпревар по промената на капацитетот ќе се одржи во 21-то коло од шпанската Ла Лига, каде што каталонскиот клуб ќе се соочи со Овиедо на 25 јануари 2026 година.

По 18 одиграни натпревари во шпанското првенство, Барселона има 46 бода и е на врвот на табелата.

ПретходноМаркоски седнува на клупата на Енозис
СледноНБА повторно го казни Вестбрук, неговиот казнен биланс надмина половина милион долари