Новески: Ни треба обединување околу репрезентацијата, а не суети на поединци

158

Дебатата околу изборот на новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, во случајов, Гоце Седлоски не престанува веќе два дена да ја бранува јавноста.
Во фокусот е поранешниот селектор Игор Ангеловски наспротив моменталната раковбодна структура на ФФМ кои во преписки преку социјалните мрежи се „пепукуваат“ околу легитимитетот на изборот и наводниот некоректен однос кон Ангеловски.

На сето ова свој коментар предмалку пренесе и Николче Новески, фудбалската легенда на Македонија, кој што во моментов ја има улогата на директор на скаутинг службата во ФФМ.

“Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ќе покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план. Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби. Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија“ – рече Новески.

ПретходноМрме со порака до Масар: Немојте да се доведувате во ситуација да дувате во јогурт! (ФОТО)
СледноНајдоски: Ангеловски очигледно има само една мисија, да ја дестабилизира репрезентацијата