Од Челзи зимава си заминуваат шестмина фудбалери

98

Екипата на Челси планира да направи мини чистка во соблекувалната зимава, откако менаџментот процени дека неколкумина играч реално се вишок во моментов во тимот.

Менаџерот Енцо Мареска и летоска се соочи со овој проблем, со премногу играчи на тренинг, и тој и тогаш инсистираше да се направи овој потег но тогаш менаџментот остана нем по ова прашање. Сега ситуацијата очиглендо е поинаква.

Па така, во Челси од сега натаму нема место за Тосин Арадабуохо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадиашил и Филип Јоргенсен.

Сите овие беа на маргините на тимот, и воопшто не добија минутажа, па овој список реално не изненадува никого.

ПретходноХави Галан е нов играч на Осасуна
СледноГалец бира седмерец во последна секунда, Павле открива по што се разликува од Петар (ВИДЕО)