Секоја чест: Еве зошто Рафиња е голем човек! (ВИДЕО)

0
ФОТО: FC Barcelona/FB

Уште еден доказ дека Бразилецот Рафиња е голем човек. Според многумина, крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, неправедно од ФИФА на доделувањето на наградите за најдобар на годината, не беше вклучен во идеалната единаесетка од минатата сезона, во која која беше еден од најважните фактори на успехот на Каталонците.

Сепак, ставот на ФИФА за Рафиња не го нарушил божиќното расположение на Бразилецот, кој во пресрет на големиот христијански празник им помогнал на луѓето се сиромашни во својот роден град.

29-годишникот се вратил во Порто Алегре, каде што поделил бројни пакети со храна и подароци на сиромашните во својот роден град, покажувајќи дека не заборавил од каде доаѓа и инспирирајќи ги своите сограѓани и навивачи.

ПретходноНајдоски: Ангеловски очигледно има само една мисија, да ја дестабилизира репрезентацијата