Њујорк победи во драмата на Божиќ (ВИДЕО)

35
фото: USA TODAY Sports (X)

Њујорк Никс го победи Кливленд на домашен терен со 126:124, во првиот натпревар од божиќниот распоред на НБА вечерва. Тимот на Мајк Браун успеа да надомести негатива од минус 17 во последната четвртина и, по мини-драма во последната четвртина, да стигне до втората победа над Кавси оваа сезона.

Брансон беше најефикасен со 34 поени и четири асистенции. Херој од сенка беше Колек со 16 поени, девет асистенции и три скока, а значаен придонес даде и Кларксон со 25 поени.

Мичел се истакна за „Кавалирс“ со 34 поени, шест скока и шест асистенции.

ПретходноУште еден силен удар врз Винисиус
СледноЈувентус го убедува Тонали да се врати во Италија