Маркоски седнува на клупата на Енозис

88

Бојан Маркоски, кој на почетокот на сезоната го предводеше тимот на Работнички, ќе биде нов тренер на кипарскиот состав Енозис. Според информациите од Кипар, Маркоски ќе ја преземе екипа која се наоѓа во исклучително тешка ситуација и важи за една од најслабите во Европа, со само еден освоен бод по 15 одиграни натпревари – едно реми и дури 14 порази.

Енозис сè уште има теоретски шанси за опстанок преку плеј-аут фазата, па Маркоски ќе се обиде да го врати тимот во позитивна насока. Маркоски како фудбалер настапуваше за Енозис во периодот од 2009 до 2012 година.

ПретходноРеал ќе плати 9 милиони за да си го врати поранешниот фудбалер
СледноКапацитетот на „Камп Ноу“ се зголемува на 62.000 места