Екипата на Челси планира да направи мини чистка во соблекувалната зимава, откако менаџментот процени дека неколкумина играч реално се вишок во моментов во тимот.
Менаџерот Енцо Мареска и летоска се соочи со овој проблем, со премногу играчи на тренинг, и тој и тогаш инсистираше да се направи овој потег но тогаш менаџментот остана нем по ова прашање. Сега ситуацијата очиглендо е поинаква.
Па така, во Челси од сега натаму нема место за Тосин Арадабуохо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадиашил и Филип Јоргенсен.
Сите овие беа на маргините на тимот, и воопшто не добија минутажа, па овој список реално не изненадува никого.










