Кошаркарската федерација на Македонија денеска го одржа редовното годишно Собрание.
Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас.
На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на Кошаркарската федерација на Македонија.
На собирот на највисокото тело на федерацијата се дискутираше и за некои укажувања од страна на претставници на Здружението на младински лиги и тренерската организација.
На стартот на дневен ред на седницата беше ставен Финансискиот извештај за 2023 и 2024 година, а претседателот Томица Главчев предложи истиот да не биде изгласан бидејќи во моментов во КФСМ има ревизорска куќа која се уште ја чешла работата на претходното раководство. Овој предлог беше поддржан од стран на присутните.
Беа отворени бројни теми и проблеми, но најважниот беше премолчен. Никој не се пожали на финансиската состојба, иако сите го имаат истиот проблем. Според она што можевме да го видиме на Собранието се чини дека во кошарката „цветаат рози“.
Промени кои беа направени:
Лиценците на тренерите нема да ги издава Здружението на кошаркарски тренери, туку во иднина ќе има Комисија за тренери која ќе работи во склоп на КФСМ
Нашата кошарка ќе биде отворена за странски тренери доколку тоа биде во интерес на овој спорт, и тоа во младинските селекции.
Членот кој им дозволуваше на претседателите на Здруженијата на сите сениорски лиги во машка и женска конкуренција, како и во младински лиги веќе нема да бидат дел од Управниот Одбор на КФСМ. Оваа одлука самите ја донесоа, откако претходно беше наложено дека актите наа КФСМ мора да бидат во согласност со ФИБ, МОК и ИОК.










