Јосифов со Валдфиртел во полуфиналето на Купот на Австрија

33
фото: Union Volleyball Raiffeisen Waldviertel (FB)

Поранешниот македонски одбојкарски репрезентативец Ѓоко Јосифов, сега како тренер на австрискиот прволигаш УР Валдфиртел, успеа да се пласира во полуфиналето на австрискиот одбојкарски куп.

Во четвртфиналето против екипата на Сокол Виена, тимот на Јосифов славеше со убедливи 3:0 со што го продолжи трендот на одлични настапи во тековната сезона. Екипата на УР Валдфиртел игра одлично и во првиот дел до првенството на Австрија каде по 12 кола има 8 победи и се наоѓа на 3. место на табелата.

Од клубот велат дека со пласманот во полуфиналето на Купот, Валдфиртел постигна една од своите цели за тековната сезона, а втората е да се заврши во ТОП 4 и во првенството. Во полуфиналето на купот, момците предводени од Јосифов ќе се сретнат со лидерот во првенството, Хартберг.

ПретходноАБА 2: ТФТ со убедлива победа во Бања Лука
СледноУште еден силен удар врз Винисиус