Зоран Митровски е најдобриот судија, а Иван Ников најперспективен за 2025 година

79

На заедничкиот, традиционален собир, организиран од страна на Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје, беа прогласени и најдобрите судии во изминатата календарска 2025 година.

Главната награда, за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2025 година ја доби Зоран Митровски.

Додека својата прва индивидуална награда во судиската кариера, за најперспективен судија за годината која ја оставаме зад нас, ја доби Иван Ников.

Плакета за животно дело доби човекот кој цел свој живот и го посвети на кошарката, прво како кошаркарски судија, а потоа како делегат, од далечната 1977 па до ден денес – Марјан Тодоровски.

Со пригодна благодарница, Судиската организација на град Скопје му се заблагодари и на Влатко Цветаноски, за посебни заслуги во развојот на кошаркарското судење.

ПретходноДончиќ за ова доби техничка, погледнете ја реакцијата на Дурент (ВИДЕО)
СледноМакедонски Телеком останува клучен поддржувач на македонскиот ракомет